Го сопреле па тргнал да ги прегази - драма по полноќ во Струга

Околу 12 часот и 30 минути на магистралниот пат село Подмоље-Струга од страна на двајца полициски службеници, при обид да сопрат возило марка „Алфа Ромео“, без регистерски таблички, возачот ја зголемил брзината со намера да да ги удри по што истите се тргнале на страна, а возилото заминало кон регионалниот пат Струга-Дебар. Полициските службеници со службеното возило се упатиле кон неговото возило по што го застанале и по дадената усна наредба да излезе од истото осомничениот насилно ја отворил вратата и го удрил полицискиот службеник во пределот на нозете. Истиот е приведен и по утврдувањето на идентитетот констатирано е дека се работи за 23-годишниот А.И. од селото Делогожда-струшко.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.     

 

 

Оцени ја веста

14.08.2015 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа