Вечер: СДСМ и Сорос преку листата на желби сакаат незаконски да дојдат на власт

Плановите на СДСМ и Заев кои ги објавија деновиве, се нивна желба за тивок државен удар: преземање на Судски совет, Врховен суд, Обвинителство, Агенција за медиуми, УЈП, Завод за ревизија, контрола врз приватни медиуми... е обид на еден олигарх со дебело досие (Зоран Заев) со соросоидите да постави копмлетна власт во државата без победа на избори, спротивно на Уставот и независноста, судските и медиумските институции..., пишува Вечер.

Листата на желби кои СДСМ и соросоидите ја промовираа е одраз на јавно искажана волја за државен преврат за преземање на целата власт без законска основа и без победа на избори. На ова треба да се додаде и јавно прикажаната склоност на лидерот на СДСМ кон диктатура.

-Во СДСМ делегатите за Централниот одбор не ги избираат општинските организации туку самиот Зоран Заев и Радмила Шеќеринска по своја волја со што се покажува каков е нивниот демократски капацитет за лидери. Еднаш амнестиран за корупција и со најмалку два нови судски процеси против него, од кој едниот повторно е за корупција, Заев има единствена цел како да го смени судскиот систем во сопствена корист и да спречи евентуално нови кривични гонења и постапки, пишува весникот.

Ни претстои бурна есен.

Како што пишува Вечер, со години е познато дека Заев едно зборува, а друго прави, а потоа двете ги демантира што е пракса и која пракса ја гледаме во моментов кога станува збор за договорот од 15 јули, а која сигурно ќе ја гледаме и во иднина.

Тоа што Заев го најавува и го бара го нема никаде во договорот туку е обид да се добие нешто плус, надвор од договорот за да се задоволат незадоволните во партијата и да им се најдат места на соросоидите на важни функции во власта и регулаторните тела. Па така, во интервју објавено деновиве, Заев вели дека ќе менува судии во Врховниот суд, членови на Судскиот совет, раководство на Агенцијата за медиуми... што по дефиниција е кршење на устав и закони, бидејќи такви овластувања нема ниту една политичка партија, а особено не Заев во опозиција.

Колку и да се силни неговите намери, едноставно тоа не е законски ниту пак е можно да се реализира во пракса.

По редослед, до 15 септември треба да се изгласа новиот специјален обвинител за што во моментов се крева најмногу врева и пропаганда. Така, пропагандистите од СДСМ и Сорос исфрлаат пробни балони дека ќе има посебен закон за специјален обвинител и формирање на целосно нова институција паралелна на сегашното Јавно обвинителство. Потоа се објавува дека новиот специјален обвинител ќе биде од редот на соросоидите, нормално со формулација стручен човек прифатлив за јавноста и граѓанскиот сектор.

Досега во јавноста се вртеа имињата на професорите од Правниот факултет Гордана Бужаровска и Гордан Калајџиев кој беше дел и од Хелсиншкиот комитет. Сите овие листи на желби на Заев и на СДСМ се добри за нивните уши и моќта на оваа пропаганда завршува тука.

Она што е договорено на 15 јули е дека ќе има специјален обвинител во заеднички договорен (со ВМРО­ДПМНЕ и останатите партии ...) прифатлив обвинител од редовите на сегашните обвинители во Обвинителството, а не соросоид или уште помалку странец како што посакуваат пропагандистите на СДСМ.

Секое решение кое е поинакво е надвор од договореното на 15 јули, надвор од законите и Уставот на РМ, а ако некој сака решение надвор од законски и уставни рамки тогаш може да зборуваме за отворен упад во правниот систем и отворен обид за држевен удар.

Целта на преговорите и договорот на 15 јули беше да се обезбедат подобри услови за изборите за 24 април следната година, а не да се обезбеди амнестија на Заев, и криминално назначување на функции за соросоидите.

СДСМ и Заев пропагираат приказна со која сакаат да создадат впечеток дека тие сами одлучуваат како ќе се уреди Македонија. Но работите не стојат така, пишува Вечер.

Доколку не се почитува навистина договореното на 15 јули што е и потпишано, зошто ВМРО­-ДПМНЕ би се согласиле друг да ја води државата, вклучително и судскиот систем, а тие да имаат одговорност за сите последици од тоа.

ВМРО-­ДПМНЕ во секој момент може да го запре овој обид за државен удар со наметнување на елементи кои не се во договорот, може да го напушти парламентот и да објави дека ќе ги бојкотира изборите со што пропаѓа целиот проект на Вашинготон, Брисел и еврокомесарот Хан и се создава, овој пат реална политичка и етничка криза која ВМРО­-ДПМНЕ ќе ја решава од улица бранејќи ја македонската демократија, изборната волја на граѓаните и македонската нација од наметната влада составена од претежно криминалци и соросоиди кои загубиле на избори.

За ВМРО-­ДПМНЕ тоа би било подобро решение од соучество во државен удар, создавање федерална држава и продажба на името по втор пат бидејќи во 1995 СДСМ веќе еднаш го продаде. Во ваква ситуација не треба многу стручност да се процени како би изгледала реакцијата и волјата на мнозинството граѓани особено Македонци и запирањето на сите позитивни социјални и економски процеси за земјоделците, пензионерите, студентите, инвеститорите и 150 илјади нововработени во време на власт на ВМРО-­ДПМНЕ.

 

 

Оцени ја веста

14.08.2015 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа