ДРАМА: Пукање во Центар

Полициски службеник синоќа околу 30 минути пред полноќ бил физички нападнат од страна на 33-годишниот З.И. и 28-годишниот Е.И. додека бил на должност и интервенирал поради пријава за гласна музика на спортско игралиште на улицата „Кеј 13 Ноември“ во Скопје.

- Во тој момент поради загрозување на неговата безбедност и безбедноста на приправникот кој бил заедно со него испукал четири куршуми во воздух за предупредување, а веднаш потоа осомничените избегале од местото на настанот, но по кратко време се пронајдени и приведени, соопшти МВР.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

16.08.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега