Сите се кренаа на нозе за Тијана: Нејзините родители само ден по нејзината смрт...

За случајот на малата Тијана која за жал иако го крена цел Балкан на нозе, трагично го загуби животот, се крена голема прашина, а иако нејзините родители во многу наврати до сега изјавуваа дека дел од парите потрошиле за лекувањето, дел подоцна за лични потреби, српскиот Курир дојде до информации каде оделе парите од џебовите на граѓаните, дадени за лекувањето на малото ангелче. 

Според српскиот портал, родителите на Тијана, Јелена и Небојша Огњановиќ, потрошиле повеќе од 2.000 долари на облека, наочари, часовници...само ден по нејзината смрт.

Огњановиќ пролетта во 2013 година ги замолија граѓаните на Србија за 750.000 долари за трансплантација на срце на малата Тијана. Во рекордно време на сметката на Тијана во Комерцијална банка се слеаа 2,6 милиони евра, потребни за малото ангелче, кое за жал и покрај помошта од граѓаните не ја дочека трансплантацијата, бидејќи почина на 15 јули. 

 

 

 

Оцени ја веста

17.08.2015 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега