Викендот во Македонија заврши крваво: Маж загина откако го удри пијан возач

 Трагедиите немаат крај. Уште една тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на патот Свети Николе - Овче Поле во близината на селото Пеширово, во која загина 42-годишниот Горан С. од Свети Николе.

Во несреќата учествувале патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски таблички и мопед со светиниколски регистарски таблички на кој што загинатиот Горан С. бил сопатник.  Со тешки телесни повредни се здобил и 38-годишниот С.Ѓ., возачот на мопедот. До несреќата дошло откако автомобилот одзади го удрил мопедот.

Несреќата се случила околу 20 часот и 20 минути на регионалниот пат Свети Николе - Овче Поле. Извршено е алкохолно тестирање на 58-годишниот возач на автомобилот „пежо“ при што е констатирано дека бил под дејство на алкохол.

 

 

Оцени ја веста

17.08.2015 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега