Инцидент на концерт на Рибља чорба: Сите се разбегаа - еве што се случи

Непознато младо момче од публиката фрлило димна бомба на концерт на Рибља чорба во Црна Гора.

Според српските медиуми многу фанови морале да го напуштат концертот, но бендот продолжил да свири.

Иако повеќе од 10.000 отишле да го слушаат легендарниот рок бенд, атмосферата за кратко време ја уништи солзавец.

„Не ја прекинвме свирката бидејќи солзавецот не стигна до нас. Организацијата беше врвна, но што да се прави кога ќе се најде некоја будала и на памет ќе му падне да фрли солзавец. Тоа е негов проблем и на тоа не може да се влијае. Јас за момент го заборавив текстот кога се случи тоа, но ништо повеќе“, изјави Бора Ѓорѓевиќ.

 

 

Оцени ја веста

17.08.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега