Уште едно македонско возило оштетено во Грција

Возило со македонски регистарски таблички е оштетено во Грција.

Граничната полиција евидентираше нов случај на оштетување возило на македонски државјанин кој летувал во Р.Грција.

Имено, на 15.08.2015 г. на граничниот премин „Богородица“ од страна на Н.К. од Скопје, пријавено е дека на 14.08.2015 г. во местото Ксарти, му било оштетно возилото, марка „Цитроен Ц5“ со скопски регистарски ознаки, така што на задниот дел од автомобилот му била потурена  зелена боја (фарба). Случајот бил пријавен во грчката полиција, но пријавителот не добил никаков документ за поднесената пријава.

Овој случај се надоврзува со претходните пет случаи во кои беа оштетени возила на македонски државјани, како и еден случај на кражба на регистарски ознаки, кои сезонава се случија на повеќе места во Р.Грција.

 

 

Оцени ја веста

17.08.2015 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа