Нарачано убиство: Црногорски дилер убиен во својот џип

Црногорската полиција деноноќно работи на пронаоѓање на убиците на четириесет и седум годишниот Александар Брајовиќ, осудуван шверцер на наркотици кој е убиен во саботата навечер во Подгорица.

Брајовиќ со својот џип застанал на семафор додека било црвено, а убиците со веспа пришле од десната страна на возилото и во него испукале смртоносни проектили. Според неофицијални информации, по убиството, полицијата одзела неколку веспи од територијата на главниот град. Тие се, според пишувањето на тамошните медиуми, испратени на вештачење.

Инспекторите бараат барутни честички, кои морале да останат на површината на превозното средство кое го користеле убиците. Судејќи по се, ликвидацијата на Брајовиќ е нарачана и изведена на професионален начин. Се сомнева дека за убиството се ангажирани лица од странство, кои можеби веќе ја нпуштиле територијата на Црна Гора.

 

 

Оцени ја веста

18.08.2015 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега