Добробит имаат и работниците и компаниите: „Македонија вработува“ дава резултат

Преку владиниот проект „Македонија вработува“ илјадници граѓани беа ангажирани и добија работно место. Од овој проект голем добробит имаат и работниците, но и компаниите.

-Проектот „Македонија вработува“ наиде на одличен интерес кај домашните стопанственици бидејќи им овозможува голема заштеда и голема поддршка да можат да ангажираат лица, да ги вработат а притоа да не го плаќаат придонесот за здравствено и пензиско осигурување, што претставува голема заштеда на секој од работодавачите во Македонија, истакна министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Тој потенцира дека заклучно со петокот минатата недела врз оваа основа се вработени 4620 лица.

-Значајно е што во тој спектар на вработувања имаме од сите категории. Околу 2000 лица се млади луѓе до 35-годишна возраст, но и на другата страна на спектарот имаме лица кои се над 50-годишна возраст околу 1000 лица се вработени преку проектот „Македонија вработува“. Од нив над 250 лица се над 58-годишна возраст. Тие лица веројатни никогаш немаше да бидат ангажирани од страна на компаниите доколку не беше овој владин проект и затоа задоволство е за Владата кога одредена мерка  ќе резултира на ваков начин, односно ќе овозможи вработување на луѓе и решавање на животното прашање за голем број на граѓани на Македонија, додаде Ставрески.

 

 

 

 

Оцени ја веста

18.08.2015 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега