Граѓаните задоволни, се вработуваат и млади и стари: „Македонија вработува“ со полна пареа

Кој ќе ме вработи на овие години? Ова беше прашањето што долго време си го поставував, откако останав без работа, вели 52- годишниот Стефан Јованов. Но повеќе не е така. Благодарение на проектот “Македонија вработува“ јас се вработив во компанија која ги искористи мерките за вработување од овој проект, објаснува Јованов. Се вработуваат и многу лица, мажи и жени над 50 години кои останале без работа кои во минатото шансите за вработување им биле помали, пишува Лидер.

“Голема благодарност до овој проект Македонија вработува. Откако останав без работа во претходната фирма, долго време барав работа,никој не сакаше да ме вработи затоа што бев стар. Откако мерките од проектот почнаа да се реализираат бев повикан во една фирма и ми беше понудена работа, ја прифатив и сега работам. Задоволен сум“ вели за Лидер Стефан Јованов од Скопје.

“Проектот го искористив за вработување на сметководители од 50 до 58 години, а бенефитот е тоа што ќе го искористи овој проект до пензија, сметам дека овој проект е многу добар и за фирмата и за вработените на кои им се потребни бенефиции, искористивме и претходно и други проекти, фирмата постои едната 6 години, а втотата е формирана од јануари преку која го искористив вработувањето и тука имам вработување до 29 години“ изјави Наташа Лукиќ, сметководствено биро А – НАКАУНТ – Битола

Се вработуваат и стари и млади

Проектот Македонија вработува“ се реализира со полна пареа и претставува можност и младите и старите да најдат работа. Податоците покажуваат дека досега компаниите овие мерки забрзано ги користат. Заклучно со минатиот месец, вкупно вработени се 4 6 22 лица.

“Вкупно 4.622 лица се вработени преку проектот „Македонија вработува“ заклучно со минатиот петок. Значајно е тоа што имаме вработувања од сите категории, односно околу 2.000 лица се млади до 35 години, а од друга страна ангажирани се околу 1.000 лица над 50 години. Од оние што се вработени со над 50 години, околу 250 лица се над 58-годишна возраст. Тие лица никогаш немаше да бидат ангажирани од страна на фирмите доколку не беше овој владин проект. Затоа, задоволство е за Владата кога одредена мерка ќе резултира на ваков начин, односно ќе овозможи вработување на луѓе и решавање на животното прашање на голем број граѓани. Овој владин проект наидува и на одличен интерес од страна на работодавачите бидејќи им овозможува голема заштеда затоа што може да ангажираат лица, а притоа да не ги плаќаат придонесите за здравствено и пензиско осигурување“ изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Прооектот заштеда за работодавачите

“Со ова ќе се намалат трошоците за водење бизнис, бидејќи секое вработување, намалено за социјалните придонеси е своевидна директна помош. Ова е можност за компаниите да селектираат добра работна сила“ – оценува првиот човек на Конфедерацијата на работодавци, Миле Бошков.

“Сметаме дека ова е исклучителна можност за компаниите да ги прошират своите човечки капацитети, апсурдот кој што го имаме во државата покрај голема невработеност да немаме доволно стручни кадри, оваа можност да се искористи во таа насока- да се квалификуваат луѓе кои што ќе можат да придонесат во компаниите. Веќе атмосферата кај голем дел од компаниите и менаџерите се коментираат позитивно овие мерки“, вели потпреседателот на Сојузот на стопански комори, Сеад Кочан.

Целта на овој проект е придвижувањето на економијата, забрзано отварање и создавање на нови работни места во приватниот сектор, спроведување на политики која ќе помогнат на невработените лица, од различна возраст и со различен статус да се вработат. Ова се условите:

-прва група-невработени лица до 35 години возраст, кои што претходно немале заснован работен однос или кои имале претходно заснован работен однос, но пред вработувањето согласно со мерката биле невработени најмалку три месеци. Компаниите ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок на доход, за оваа група во траење од 3 години сметано од денот на вработувањето при што работодавачот е должен да го задржи лицето уште 1 година, по истекот на периодот за којшто е ослободен од плаќање придонеси и персонален данок на доход.

-втора група-невработени лица на возраст од 35 до 50 години, кои во последните 15 години биле најмалку 10 години невработени и најмалку три месеци пред вработувањето немале заснован работен однос. Работодавачот кој ќе вработи лице од оваа група ќе биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување во траење од 5 години од денот на вработувањето, при што е должен да го задржи лицето уште 1 година, по истекот на периодот во којшто е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување.

– трета група – невработени лица на возраст над 50 години,

– четврта група- невработени лица кои се родители на три или повеќе деца и кои најмалку три месеци пред вработувањето немале заснован работен однос; самохрани родители и членови на еднородителско семејства кои најмалку три месеци пред вработувањето немале заснован работен однос; приматели на социјална парична помош; деца без родители и родителска грижа; жртви на семејно насилство; инвалидно лице со утврдена инвалидност согласно со Законот за вработување на инвалидни лица и лице со утврдена намалена работна способност или професионална неспособност за работа за 50% согласно со прописите од пензиското и инвалидското осигурување; професионални војници на кои им престанал работниот однос согласно со Законот за служба во Армијата на Република Македонија и родители на деца со пречки во развојот кои се корисници на посебен додаток најмалку три месеци пред вработувањето.

За третата и четвртата група, работодавачот кој ќе вработи лице од овие две групи е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување во траење од 5 години од денот на вработувањето без понатамошна обврска за работодавачот.

-петта група, се однесува на највозрасните работоспособни невработени лица над 58 години кои во последните две години се невработени. Работодавачот кој ќе вработи лице ќе биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување до исполнување на условите за стекнување на правото на старосна пензија.

Kако се движеше невработеноста?

За 8 години невработеноста се намалила за над 8 проценти. Од 36 проценти на крајот од 2006-та, стапката на невработеност во 2014-та се спушти на 27,6 проценти, историски најниска досега. Статистичарите регистрираат континуирано намалување на невработеноста, а интересно е што и во пикот на кризата продолжила ваквата тенденција.

Убедливо највисоки стапки на невработеност во земјава се регистрирани во 2003-та, 2004-та и 2005-та година, и тоа од 36,7%, 37,2% и 37,3%, што е 10 проценти повеќе во однос на моменталната стапка.

Во моментот на веб страницата на Агенцијата за вработување стои дека има 4576 слободни работни места .

 

 

Оцени ја веста

19.08.2015 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега