Познат идентитетот на жената која загина во страотната несреќа во струшко

Седумдесет и девет годишната Нафије М. од Струга е жената која синоќа го загуби животот по удар од автобус на магистралниот пат Ќафасан – Струга во близина на населбата Мислешевски пат.

- Сообраќајната незгода се случила во момент на непрописно преминување на коловозот од починатата и неприлагодена брзина према условите на патот со која се движел автобус „Мерцедес“ со гостиварски регистарски таблици сопственост на „Дурмо турс“, а управуван од Г.Д. (48) од Гостивар, инфомира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пренесе МИА.

Тој појасни дека во моментот на непрописното преминување на коловозот Нафије М.  била удрена со предниот дел од автобусот кој на патот се движел во правец од Струга према селото Подмоље.

На местото на незгодата извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Струга, како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај-Струга.

За време на увидот, магистралниот пат не беше запрен за сообраќај, односно сообраќајот се одвиваше со пренасочување на околните улици.

 

 

Оцени ја веста

19.08.2015 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега