Дарко Илиевски фатил крадец во својот дом

Пејачот Дарко Илиевски пред две ноќи фатил момче, кое преку прозорецот се обидело да влезе во неговиот дом во Аеродром.

Дарко случката ја сподели со пријателите на „Фејсбук“ и ги предупреди неговите соседи да се пазат.

Како што опишува тој, во 04.30 по полноќ, момче со руса коса, високо 1,75 сантиметри и не повеќе од 24 години, се обидело да му влезе во станот преку прозорец.

-Случајно отидов да се напијам вода до кујна и на враќање го гледам како се прекачува, раскажува Илиевски, додавајќи дека иако тргнал да го брка, момчето како искусен апаш, брзо избегало.

-Пријатели, вие што живеете во општина Аеродром, споделете затоа што може да дојде и кај вас, порача македонскиот пејач.

 

 

Оцени ја веста

19.08.2015 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа