Нема ни трага од Кристина - малолетничката излажала каде тргнала?!

Потрагата по малолетната Кристина од Србија и понатаму трае, а нејзиното семејство очајно бара помош. 3-годишната Кристина Машиќ исчезна на 17 август, откако се вратила од Германија. Таа од Алексинац тргнала кон Ниш во понеделникот околу 19 часот и од тогаш и се губи секаква трага. Нејзините родители се во Германија, а таа во Србија седела со тетка си и сестра си.

- Рече дека оди во Ниш да се види со момчето со кое се допишувала. Се огласи со порака околу 23 часот да каже дека се е во ред, а потоа ја снема, велат нејзините.

Полицијата веднаш го контактирала момчето со кое Кристина наводно се допишувала и отишла да се запознае, но тој тврди дека не ја знае и дека тоа не е вистина.

Цела Србија се крена на нозе за девојчето.

 

 

 

Оцени ја веста

20.08.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега