Неколку улици вечерва затворени за сообраќај

Поради вечерашниот натпревар меѓу ФК Работнички и ФК Рубин Казан што ќе се одигра на Националната арена „Филип Втори“ во 20 часот, ќе има посебен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците што гравитираат кон фудбалскиот стадион.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од 17 часот ќе биде затворен за сообраќај потегот од крстосниците на улиците „Аминта Трети“ и „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ кон стадионот, при што кон Националната арена ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

Ќе биде зајакнато присуството на сообраќајната полиција во насока на регулирање и безбеден проток на сообраќајот и движењето. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да се однесуваат совесно,и да ги паркираат возилата на дозволените паркинзи. 

 

 

Оцени ја веста

20.08.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега