Македонец направи огромен грев

Непознати сторители во текот на изминатите десеттина денови извршиле кражба во црквата „Свети Атанасије“ во селото Волковија. Како што јавуваат од полциијата, 65-годишен жител на селото синоќа го пријавил случајот во полиција. 

Според неговата пријава сторителите најверојатно низ незаклучената врата влегле во објектот и насилно ја отвориле металната кутија за доброволни прилози од верниците од која одзеле 3.000 денари и незабележани од никого излегле од црквата.

Полицијата извршила увид и работи на откривање на крадците.

 

 

Оцени ја веста

20.08.2015 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега