Паника во Тетово: Бомба оставена во дивата депонија

Рачна бомба „кашикара“ од српско производство е пронајдена вчера околу 13 часот и 30 минути на „дивата“ депонија во близина на „Жито Полог“ во Тетово.   

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информира дека бомбата била ставена во пластична кутија, а ја пријавил 42-годишниот Р.К. од Тетово кој веднаш се јавил во Полициската станица.

Се расветлува кој и зошто ја оставил бомбата, рече Јосифовски.

 

 

Оцени ја веста

20.08.2015 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега