Македонски камионџија удрил во возилото на американскиот амбасадор во Србија

Шлепер со македонски регистарски таблички, денеска на паркингот кај хотелот „Предејане“, удрил во службеното возило на американскиот амбасадор во Србија Мајкл Кирби, дознава српски Курир.

- Шлеперот го закачил автомобилот на амбасадорот Кирби на паркингот пред „Предејане“. Автомобилот е оштетен на предната страна. Во автомобилот немало никој во моментот на несреќата, и никој не е повреден, потврдено е од американската амбасада во Србија.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.08.2015 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега