Кавга после пијанка: Малолетник си го избодел кумот!

Седумнаесетгодишен малолетник од Књажевац со нож го избодел два пати во грб својот кум Љ.А. (40).

Момчето по нападот е уапсено, а повредениот Љ.А. е префрлен во нишката болница.

Кавгата се случила во понеделникот навечер во семејната куќа во селото Црвење. Момчето било на гости кај кумот.

- Се дружеле до 21 часот. Испиле многу алкохол. Така пијани почнале да се караат, а потоа и да се буткаат. Во еден момент кумот извадил нож и го нападнал момчето, но малолетникот му го одзел ножот и два пати го прободел во грб, откри извор близок до истрагата. По пресметката момчето избегало, но набрзо било уапсено.

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.08.2015 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега