Оваа глетка трогна милиони: Солзите на сирискиот татко го обиколија светот!

Многу земји од Европа за случајот со масовниот егзодус од Ирак, Сирија и Авганистан зборуваат како за проблем. Унгарија одлучи да направи ѕид за да го спречи доаѓањето на илегалните имигранти. Словачка е спремна да прифати само христијани.

Ниту Грците ни Италијаните не се пресреќни - вонивните земји доаѓаат најмногу мигранти од земјите уништени од војна и политика.

Миграцијата е моментално толкава што на сите тие несреќни луѓе често се гледа само како на бројки и статистики. Но, една фотографија почна тоа да го менува.

Таа покажува татко од Сирија кој на брегот на Грција плаче, грчевито гушкајки ги синот и ќерката. Нивниот брод последните неколку часа пропуштал вода и постоела опасност да потонат пред да допловат до брегот на Грција.

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.08.2015 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега