Грчиот премиер Ципрас поднесе оставка и повика на предвремени избори

Премиерот на Грција Алексис Ципрас соопшти вечерва дека поднесува оставка за да се овозможи одржување нови избори порачувајќи дека грчкиот нарот треба да го оцени неговиот учинок.

- Имам морална одговорност пред вашиот суд да го изнесам она што сум го направил, рече Ципрас во своето обраќање кон граѓаните кое го пренесуваше грчката телевизија.

Според неговите зборови, мандатот кој го доби на 25 јануари дошол до своите граници и сега граѓаните треба да одлучат за нов мандат и да се изјаснат за тоа дали пред странските кредитори ги претставил на одговарачки начин.

- Накратко, ќе ја поднесам својата оставка и оставката на грчката влада на претседателот на Грција, најави Ципрас.

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.08.2015 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега