Три лица повредени во тешката сообраќајка во Аеродром

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот Србија во Скопје,  во близина на бензинската пумпа на МАКОИЛ.

При несреќата, двете возила, голф и опел корса, излетале од патот и влетале во огромна дупка која поради гражните зафати што се одвиваат во близина не е покриена. 

Од СВР Скопје за Плусинфо потврдиле дека има тројца повредени, еден потешко, кој бил примен во Ургентниот центар, а другите двајца се примени во Специјалната хируршка болница „Свети Наум Охридски".

 

 

Оцени ја веста

20.08.2015 - 23:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега