Лежел на улица во крв - мигрант прободе полицаец кај Гевгелија

Порталот Гевгелија нет објави дека припадник на специјалните полициски сили распореден за обезбедување на Железничката станица во Гевгелија, синоќа околу 23 часот бил прободен од засега неидентификувано лице – мигрант на поминување низ Гевгелија. Настанот се случил во близина на Бензинската на Макпетрол која се наоѓа под надвозникот на влезот во Гевгелија. 

Очевидци на случката раскажале за Гевгелија нет дека екипа на специјалните полициски сили заобиколила група од десетина мигранти со цел да се идентификува сторителот, а несреќно прободениот полицаец се уште лежел на стомак на асфалтот со грчевити тресења на екстремитетите. 

Повеќе детали се најавени подоцна.

 

 

Оцени ја веста

21.08.2015 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега