Драма во хотел во Грција: Директорот удри девојче - ги избрка туристите од хотелот

Семејството на Милош Митровиќ и неговиот роднина Владимир Аврамовиќ и Ивана Филиповиќ се исфрлени од хотелот „Касандра маре“ во Грција, пишува српски Блиц.

„За време на вечерата, 9-годишната ќерка на сестрата на мојата жена трчаше по скалите. Директорот, за кој кој се вика Јанис, прво ја опомена, а потоа и ја удри по рамото. Се замеша и сестрата на мојата сопруга, а директорот и пушти куче. Ни рекоа сите три семејства, шест деца и шест возрасни, дека мораме да го напуштиме хотелот до вечерата“, објаснува Митровиќ.

Семејствата веднаш викнале полиција бидејќи сакале да поднесат пријава против дирекотрот.

„Не уценуваа на сите начини. Ни рекоа дека мора да поминеме 48 часа во притвор ако сакаме да поднесеме пријава, дека мораме да најдеме преведувач и грчки адвокат кој чини најмалку 300 евра. Ние бевме упорни. Претставникот од агенцијата ни понуди да ни најде друго сместување за да не пријавиме“, раскажува Митровиќ.

„Се обидовме да ја решиме ситуацијата предлагајќи да останеме во хотелот. Тие не прифатија. После долги преговори, сместени сме во друг објект, без доплата, без пенали од хотелот“, соопштуваат од агенцијата.

 

 

Оцени ја веста

21.08.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега