Страшна несреќа на патот Охрид-Кичево: Возачот починал на лице место

Четириесет и тригодишен возач загина во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Охрид - Кичево на спојката со локалниот пат за село Годивје.

Полицијата денеска информира дека несреќата се случила вчера околу 17 часот кога 43-годишниот Лазо Н. изгубил контрола над возилото „застава 101“ и преминал од левата страна на коловозот. Притоа, со предниот дел од автомобилот удрил во бетонски ѕид од шахта за атмосферска вода која била во изградба.

Екипата на брза помош констатирала смрт, а по овластување на јавен обвинител, полициски екипи од СВР Охрид извршиле увид на местото на несреќата. По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатиот и вештачење врз патничкото моторно возило.

 

 

Оцени ја веста

21.08.2015 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега