Дел од општини викендот ќе останат без струја

 

Поради технички зафати во електросистемот без електрична енергија утре и задутре ќе останат делови од Бутел, Гази Баба, Илинден и Карпош. 

Утре без електрична енергија во период од 7 до 12 часот ќе останат корисниците од дел од населбата Бутел, Љуботенски пат во општина Бутел и корисниците во селата Смиљковци, Црешево и Булачани во општина Гази Баба. 

Во недела од 6:30 до 8:30 часот ќе останат дел од корисниците од дел од населеленото место Илинден во општина Илинден и  населеното место Јурумлери во општина Гази Баба. Во периодот од 8:30 до 15:30 часот ќе останат корисниците на дел од објектите во комплекс Св. Јован во  населба Злокуќани во општина Карпош.

 

 

Оцени ја веста

21.08.2015 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега