Познат српски пејач признава: 80 проценти од естрадата се дрогира

Српскиот пејач Игор Тодоровиќ, попознат како Др Иги, признава дека дрогата отсекогаш постоела на естрадата, но денес е поприсутна.

Според негова „скромна“ проценка, 80 проценти од неговите колеги уживаат во наркотици:

„На концертот во Амстердам еден мој колега фолкер дојде и фрли кеса со нешто бело на масата и рече ’послужете се’. Ние бевме десетмина. Тања и јас одбивме, станавме и заминавме, а некои и се послужија. Многу од тоа имаше околу нас, а денес 80 проценти од естрадата се дрогира“, рече пејачот за српски Мондо.

 

 

Оцени ја веста

21.08.2015 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега