Сдсмовскиот Хелсиншки комитет го нападна МВР

Хелсиншкиот комитет во чии Управен одбор и Собрание членуваат истакнати членови на СДСМ и нивни блиски новинари, го нападнаа МВР и државните органи. 

Додека македонската полиција се обидува да воспостави ред и мир на границата со Грција и да го заштити локалното населени од напливот на мигранти, Хелсиншкиот комитет преку соопштение жестоко ја нападна полицијата и Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

 

upravenodboorr

Во нивното соопштението се вели:

-Вчерашната одлука на Владата на Република Македонија за прогласување на кризна состојба е исклучително загрижувачка. Најавата за вклучување на АРМ без за тоа да се произнесе Претседателот Ѓорѓе Иванов како Врховен командант на вооружените сили, молкот на Собранието (кое мора да биде информирано) и Центарот за управување со кризи (повикан орган што ги направи проценките за прогласување на кризна состојба) ја доведуваат до прашање законитоста на мерката прогласување на кризна состојба.

-Од објавените медиумски материјали, може да се увиди нехуманиот третман на бегалците од страна на специјалните полициски службеници кои употребиле мерки на присила, користејќи солзавец и шок бомби. Поради таа причина го повикуваме неуставно именуваниот министер за внатрешни работи г. Митко Чавков да одговори кој ги дал наредбите да бидат применети такви мерки на присила.

-Нехуманото постапување од страна специјалните полициски службеници, но и ксенофобичниот говор и говорот на омраза кој се шири по социјалните мрежи, а го поттикнуваат некои јавни личности придонесува кон дополнително загрозување на животите на бегалците и надвор од нивните родни места.

sooobraniee

Во Хелсиншкиот комитет за човекови права членуваат голем број на истакнати членови на СДСМ како и блиски новинари, аналитичари и активисти. Дел од Хелсиншкиот комитет се Љубомир Д. Фрчковски, Сашка Цветковска, Мери Јордановска, Борјан Јовановски,Алберт Муслиу, Петрит Сарачини.

 

 

Оцени ја веста

21.08.2015 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега