Колегите и пријателите низ солзи: „Арсен беше еден и единствен“

Во Шибеник денес беше одржана комеморација за познатиот кантавтор Арсен Дедиќ кој почина во понеделникот на 78-годишна возраст во Загреб.

Освен писатели, познаници и жители на Шибеник, од родниот град на  Арсен, од него се простија и голем број познати лица од хрватската јавност, како пејачот Масимо Савиќ, гитаристот Хусеин Хасандефендиќ, продуцентот Никша Братош , Жељко Бебек.

Арсен беше еден и единствен, повторувале денес од говорницата неговите бројни пријатели и познаници.

deikarsenn

Во трогателниот говор на градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ изјавил дека си заминал човек поради кој жителите на Шибеник чувствуваат гордост поради своето потекло.

Во изјавца за медиумите Масимо Савиќ, истакнал дека Арсен бил човек со „здрав шибенички сарказам и дека честопати знаел да му каже дека го следел и дека се радувал на неговите неуспеси.

 

 

Оцени ја веста

21.08.2015 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега