Радовиш го празнува својот молител пред Бога и заштитник на градот

Во Радовиш вчера и денес се чествувЧествувањето на празникот „Св. Спасо Радовишки“ започна вчера со Архиерејската вечерна богослужба во храмот „Св. Троица“ на која чиноначалствуваше Митрополитот брегалнички г. Иларион и игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со повеќе свештеници од Брегалничката епархија.

По вечерна богослужба се изврши литија од храмот „Св. Троица“ до параклисот на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“. После литијата се одржа Духовна академија во дворот и храмот „Св.Троица“ на која настапија повеќе хорови.

rradovisss

Празнувањето на заштитникот на градот Радовиш „Св. Спасо Радовишки„ продолжи денес во храмот „Св. Троица“ со Божествена Литургија на која ќе богослужија Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Европски г. Пимен. По Литургијата беше организиран празничен ручек за сите верници во манастирот на свети „Георгиј“  во Ораовица.

Покрај духовниот дел програмата е збогатена и со културни и спортски настани - вечерва за сите најмлади на плоштадот „Св. Спасо Радовишки“ ќе се одржи концерт на „Днк„ со оркестар во живо, утре започнува тенискиот турнир „Радовиш опен 2015„, а вечерта радовишани ќе можат да проследат и слушнат прекрасни староградски песни со фестивалот „Саноќ седам“.

praznikradoviss

Организатор на програмата за овогодишното чествување на празникот Св. Спасо Радовишки е Здружението Св Спасо Радовишки, Општина Радовиш и Македонската православна црква.аше празникот на Светиот новомаченик „Спасо Радовишки“ молител и заштитник на градот Радовиш.

 

 

 

Оцени ја веста

21.08.2015 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега