Груевски и Вучиќ телефонски разговарале за напливот на мигранти

Премиерот Никола Груевски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Владата на Република Србија, Александар Вучиќ.

Двајцата премиери разговараа за начините за справување со регионалниот предизвик на наплив на илегални мигранти, соопшти владината прес-служба.

Груевски и Вучиќ размениле информации кои се во корист за поефикасно менаџирање на постојниот проблем, согласно расположливите капацитети на државите.

Премиерите се договориле да продолжат активно да ги следат состојбите и да преземат мерки и активности за справување со настанатата ситуација. 

 

 

Оцени ја веста

21.08.2015 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега