Граѓаните ја одобруваат мерката за засилена контрола на границата

Првата група од околу 200 мигранти составена претежно од жени, мали деца и постари лица, беше пуштена околу 15 часот и 30 минути и во придружба на полицијата и полициски сили беше пропратена до железничката станица во Гевгелија од каде со вонреден воз во 16 часот тргна кон Табановце.

Граѓаните ја одобруваат мерката за засилена контрола на границата. Велат дека тоа е исправна одлука, мигрантите да бидат превезувани на тој начин. Гевгеличани се жалат дека изминатиов период мигрантите направиле вистински хаос.

Еве кој е ставот на граѓаните за новата мерка:

-Тоа е добро, да се отстранат. Ние сакаме да им помогнеме, но многу е лошо, направија голема збрка во градот. Има и тепање, има и повреден полицаец. Им даваш слобода, да можат слободно секаде да одат. Да им дадат нешто, некое прифатилиште и да им кажат дека ова место е за тие бегалци и да знаат каде им е местото. Сега насекаде ги има.

-Ако ги пуштаат по 200 тука ќе се направи огромна гужва. Препродаваат банани, цигари, сето тоа е лошо за Гевгелија.

-Носи проблем на градот. Се збираат по 2000-3000 луѓе во градот. Ѓубриња, сметови секакви, хигиена никаква. Затоа прогласија така, сега е подобро.

-Гевгелија беше најчист град, сега стана најпрљав.

-Имаме проблеми од нив. Пукаат, викат, крадат.

-Мора да се превземат некои мерки бидејќи се шири некоја епидемија, таму смрди не се поминува.

-Требаше да дојде до оваа одлука. Како што се слуша, во Грција ги има се повеќе и се најавува секој ден дека ќе има многу. Одлуката е во ред и треба да се продолжи додека ги има во поголем број.

-Нема меѓу овие ниту еден расплакан, несигурен. Затоа ова што го прави Владата е перфектно.

Во последните 24 часа, како што информира МВР, неколкукратно е помал и бројот на издадени потврди за мигрантите за разлика од претходните денови кога дневно се издавале потврди на повеќе од 1300 странски државјани.

 
 
 

 

Оцени ја веста

21.08.2015 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега