ФОТО: Ново игралиште за најмладите од општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода изградни ново детско игралиште во Теферич. Се протега на околу 70 квадратни метри и е опремено со детски реквизити кои на најмладите им нудат можност за забава и релаксација.

Дечињата веќе максимално ги користат поставените реквизити - вртелешката, лизгалката, лулашките и клацкалката. Детското катче е надополнето и со урбана опрема-канти за отпадоци и клупи. За изградба на ова ново детско игралиште, општина Кисела Вода инвестираше 150 000 денари, а го изведоа  екипите на фирмата "Занаетчиска работилница – Чардак"- Скопје.

Паралелно, истата фирма, по налог на општината, работеше на реновирање на спортското игралиште во Теферич, кое се наоѓа веднаш до детското. Поставена е нова заштитна ограда, бојадисани се стативите, поставена е и нова мрежа на кошевите, по што овој спортски комплекс е подготвен и достапен за сите љубители на фудбалот и кошарката од овој дел на градот.

За обновата на ова спортско игралиште, општина Кисела Вода од својот буџет издвои 80 000 денари.

 

 

Оцени ја веста

22.08.2015 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега