Српски пејач им плеснал по некоја шлаканица на малолетнички - еве што им правеле на неговата ќерка

Вук Росандиќ, поранешниот пејач на групата „Руж“ имал судир со две девојки од 15 години, кои, како што кажува тој, ја нападнале неговата ќерка.

За инцидентот, Вук раскажува на српски Блиц:

„Едната ја турнав а другата ја шутнав рефлексно во самоодбрана, бидејќи со даска ме удри по челото. Среќа се контролирав бидејќи во тој момент бев потполно надвор од себе си, поради се што тие девојки и направиле на мојата ќерка“, раскажува Вук и додава дека постапил како и секој родител.

„Мотивот на мајките кои ме обвинуваат е да се стави акцент на тоа што ја турнав девојката, за свесно да се избегне фактот дека мојата ќерка беше жртва на психично и физичко малтретирање. Тие девојки ја натераа мојата ќерка да клечи на колена, ја фатиле за коса и и удирале шамари пет пати, а потоа и го одедоа телефонот. Исто така и се заканиле да не кажува на никого“, изјави Росандиќ.

„Ќерка ми од шок не можеле да зборува кога дојде дома. Кога слегов долу, прашав која девојка ја тепаше мојата ќерка, и една ми рече ’Јас сум. Што е? Ќе го добиеш тоа што го доби твојата ќерка’, па се заврте кон мојата ќерка и и рече ’На***’. Таквата смелост и дрскост ме шокираа. Во животот не сум видел такво однесување на малолетнички. Станав немоќен. Не знаев како да реагирам“, наведува Росандиќ. 

 

 

Оцени ја веста

22.08.2015 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега