Страшна сообраќајка во Радовиш - едно лице го загуби животот

Синоќа во Радовиш се случи тешка сообраќајка во која животот го загуби Трајчо Ј.

Несреќата се случила на крстосницата од бул.„А.Македонски“ и ул.„Шампионче“ во Радовиш, каде патнично моторно возило „Волксфаген“, управувано од Трајчо Ј. (1958) од Радовиш се судри со „Ауди“ управувано до Д.Р. (1988) исто така од Радовиш.

Во несреќата Трајчо е повреден и пренесен во јавната здравствена установа во Радовиш, а од таму е препратен во Клиничката болица во Штип, но за жал, по животот го загуби на патот.

По нареба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Увид на лице место извршила екипа од ПС-Радовиш.

 

 

 

Извор: Курир

 

 

Оцени ја веста

22.08.2015 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега