Албанец го бришел штембилот на кој стоела забрана за влез во Шенген зоната
Албанец го бришел втиснатиот штембил од пасошот на кој имало втиснаат забрана за влес во Шенген зоната.
На граничниот премин „Деве Баир“ вчера во 4 и 40 часот на излез од Македонија, при извршена пасошка контрола е констатирано дека лицето Н.А. родено 1979 од Република Албанија, има оштетување на пасошот, односно механичко и хемиско бришење на втиснат штембил кој имало втисната забрана за влез во Шенген зоната.
Лицето е приведено, а во 06,45 часот е предадено и задржано во Полициската станица-Крива Паланка за понатамошна постапка.
Оцени ја веста
23.08.2015 - 14:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа