Крадец украл пари, пиштол и златен накит од куќа во Битола
Крадец украл службен пиштол, паричник со 7000 денари, 100 австралиски долари и златен наките во куќа во Битола.
Крадецот во периодот од 17 до 21 август годинава со подесен алат ја отворил задната дрвена врата од визбата во куќа на улица „Буковски Мост“ во Битола и од спалната соба одзел службен пиштол м.Ц3 99 кал. 9мм. во кој имало рамка со 15 куршуми, паричник во кој имало 7000 денари, 100 австралиски долари и златен накит, па го напуштил местото.
Сторителот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 90.000 денари. Увид на лице место извршила увидна екипа. СВР-Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа