ВИДЕО: Нови 2.750 работни места - во септември се отвараат три нови фабрики и ќе се градат уште две

Три нови фабрики ќе отпочнат со работа, а на две ќе започне изградбата во текот на месец септември, со што се отвараат вкупно 2.750 нови работни места, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Тој нагласи дека Владата и тимот министри остануваат фокусирани на привлекување инвестиции.

- Во септември треба да се отвори фабриката на „Техникал текстаил“ која кога ќе ги пополни своите капацитети треба да има најмалку илјада директно вработени плус индиректно. Исто така, „Дијатек“ треба да има најмалку 250 директни вработувања и австриската компанија во Виница која што веќе почна со пробно производство која треба да отвори 250 работни места.  Истовремено во септември ќе започне изградбата на новата фабрика на ОДВ Електрик. Тие веќе почнаа како браунфилд инвестиција во постоечка хала, вработија некоја бројка луѓе, но во новиот капацитет што ќе почнат да го градат сега во септември планираат нови дополнителни илјада нови работни места.   Исто така, во септември ќе има уште еден камен темелник  за изградба на фабриката „Кондево“ која треба да овозможи 250 нови вработувања. Некаде веќе во октомври/ноември треба да заврши и градбата на „Ејплленд“ во Ресен. Така што само во септември  тие што ќе почнат да се градат и тие што ќе се пуштат во употреба ќе овозможат 2.750 нови работни места, рече премиерот Никола Груевски.

 

 

Оцени ја веста

23.08.2015 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега