Министерот Јолевски меѓу мигрантите: Потребна е заедничка стратегија на европско ниво

Министерот за одбрана Зоран Јолевски попладневно го посети пограничниот регион  во кој се наоѓаат мигрантите кои преку Грција доаѓаат во земјава на нивниот пат кон Европа. При посетата им подели пакети со храна, а ги информираше и дека наскоро ќе биде завршен прифатниот центар кој се гради. 

- Можам да се уверам дека е организирано, прифатот на мигрантите се одвива согласно плановите. Владата на Република Македонија прави сè што е можно со средствата кои се на располагање да им помогне и да ги прифати овие лица. Се надеваме дека ќе се направи една заедничка стратегија на европско ниво, бидејќи ова е предизвик за цел континент, изјави министерот Јолевски кај пунктот за регистрација.

Армијата, додаде министерот, со своја механизација е вклучена во изградбата на транзитниот центар и ќе продолжи да помага онолку колку што е потребно. 

Тој додаде дека мигрантите се примаат во неколку групи и потоа откако ќе добијат соодветни потврди се упатуваат до железничката станица со цел да го продолжат нивното патување кон север, и кон нивната крајна дестинација.

Министерот при посетата имаше за цел и запознавање со состојбата и обиколка на позициите на Армијата на Република Македонија. Во таа насока, министерот Јолевски беше брифиран во оперативниот центар на АРМ во Гевгелија, а ја посети и караулата на македонско-грчката граница.

Во пограничниот регион од денеска во функција е и нов пункт за регистрација на мигрантите.

 

 

Оцени ја веста

23.08.2015 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега