Второ продолжение на 62. собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи второ продолжение на 62. седница на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.

Пратениците ќе расправаат и по предлог законите за изменување и дополнување на Законот за волонтерство, Законот за исплата на платите во Република Македонија,  Законот за заштита од вознемирување на работно место, Законот за европски работнички совет, Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување,  Законот за вработување на инвалидни лица,  Законот за инспекцијата на труд, Законот за агенциите за привремени вработувања, Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност,  Законот за евиденциите од областа на трудот,  Законот за адвокатурата, Законот за спречување на корупцијата, по скратена постапка, Законот за вештачење,  Законот за медијација, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за странската информативна дејност во Република Македонија, Законот за матичната евиденција, Законот за приватно обезбедување, Законот за прометот со експлозивни материи, Законот за заштита од експлозивни материи, Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, Законот за странците, Законот за детективската дејност, Законот за гранична контрола, Законот за архивски материјал, сите по скратена постапка. 

На дневен ред на ова продолжение е и Предлог на закон за изменување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, по скратена постапка.

 

 

Оцени ја веста

24.08.2015 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега