Во МНР состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на РМ

Во Министерството за надворешни работи денеска и утре ќе се одржи работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија. На покана на домаќинот, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, како почесни гости ќе учествуваат неговите колеги од Република Бугарија Даниел Митов и од Република Албанија, Дитмир Бушати.

Како што соопшти МНР, амбасадорскиот состанок ќе го отвори министерот Попоски, а ќе се обратат и министрите Митов и Бушати кои ќе имаат интерактивна дискусија со шефовите на ДКП-та за актуелните надворешни политички прашања во рамките на ЕУ и НАТО, процесот на европската и евро-атланска интеграција на Балканот и за перспективите на регионалната соработка.

На амбасадорскиот состанок свое обраќање ќе имаат и претседателот на државата Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, како и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владмир Пешевски.

 

 

Оцени ја веста

24.08.2015 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега