Полицаецот-херој Месут ги демаскира неоснованите напади врз македонската полиција
Фотографијата од млад полицаец кој му помага на дете бегалец го обиколи светот. Социјалните мрежи и медиумите полни се пофални зборови за човечноста на 26 годишниот Месут Мемишовски од прилепско Канатларци.
Пред камерата на Сител, Месут скромно им се заблагодарува на сите кои го пофалиле и вели дека тој само си ја извршувал својата должност.
-Во тој момент кога дојде малото дете да се доближи околу мене, јас заборавив и на работа и на вера и на нација. Само сакав да му помогнам, да му дадам вода. И сигурен сум дека кој и да беше во ваква ситуација од моите колеги би постапил исто, вели тој.
Месут реагира на лажните информации во дел од медиумите дека полицијата била насилна со мигрантите. Напротив ситуацијата е сосем спротивна, а полицијата прави се за да им помогне на нивниот пат.
-Во секоја минута, во секој момент доаѓаат мигрантите не прашуваат: Дали може да ја поминеме границата? Ние се враќаме со вода, дел од јадењето што ни припаѓа нас, од МВР. Делиме со нив. Тие ни велат: Good Police Macedoniea!, потенцира Мемишовски.
По краткиот разговор, дипломираниот полицаец Месут отиде на граничната линија да је преземе својата смена. Вели дека се надева оти кризата ќе заврши побрзо и тој ќе сврати на своите редовни должности во СВР Битола.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа