Владината поддршка за социјалните семејства поздравена од граѓаните

Континуираното спроведување и дополнително подобрување на мерките кои се насочени кон социјална заштита на најранливите категории на семејства во државата како начин за подобрување на условите на живот за многу категории на семејства во социјален ризик, претставуваат дел од грижата што државата преку голем број на социјални мерки директно ја демонстрира за овие категории на семејства.

Со покачената социјална помош, зголемениот надоместокот за енергетска сиромаштија, условниот паричен надомест за школување на децата, но и со легализацијата на дивоградбите и бесплатните ученици, како и со другите мерки, Владата помага на социјалните семејства и затоа сме благодарни. Со оваа поддршка полесно живееме и можеме да ги школуваме нашите деца. Ова се коментарите на семејствата корисници на владините мерки за социјална сигурност.

majkabroj1

Жаклина Симиќ од Валандово е мајка на две деца. Таа е многу благодарна на Владата за сите овие мерки и вели дека парите кои ги добива и го олеснуваат процесот на школување на децата.

-Ние живееме 4 члена. Благодарни сме многу до владата што ни го покачија социјалното во јули за 10 посто. За струјата ни е качена помошта од 700 на 800 денари. Школарина за децата земав, сега ќерката ми заврши 4-та. Сега си продолжува помошта за другото дете. Редовно даваат, многу сме благодарни. Сега нивното школување ни е полесно, затоа што Владата дава книги. Не купуваме како порано. Ни плаќаат пари за школо12.000 денари, рече Симиќ.

Ристова Елизабета е самохрана мајка од Богданци. Корисник е на парична социјална помош и користи надоместок од државата за школување на својот син.

-Добивам и месечно примање за електрична енергија. Многу сум благодарна на Владата на Република Македонија што го донесе законот за легализација на дивоградби, затоа што јас како самохрана мајка немав кров над главата. Имав едно објектче од мојот дедо кое не беше легализирано. Со помош на Владата која го донесе овој закон, јас можев тоа да си го легализирам и да си имам кров над главата. Многу сум среќна и задоволна. Ги охрабрувам сите, државата колку што може помага, но ние треба да се трудиме. Јас имам нива земено под концесија, си работам на таа нива. Фала на државата за толку. Не може тебе на државата да ти даде се, колку може помага, вели оваа мајка.

majkabroj2

Задоволни од помошта и поддршката од Владата, корисниците на овие мерки истакнуваат дека државата помага во секоја ситуација и секогаш кога може. За сите нив тоа е една голема солидарност која Владата преку овие мерки ја покажува на дело.

Граѓаните истакнуваат дека е позитивно што владините политики и мерки за социјална сигурност ги следат и општините во кои што живеат, кои исто така преку различни мерки во рамките на своите можности се обидуваат да помогнат на овие семејства. 

 

 

Оцени ја веста

24.08.2015 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега