ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Мајка за момент го оставила своето бебе, кога се вратила тоа веќе било мртво

Едногодишно бебенце од Србија во средата вечерта се задави во својата лулашка.

Несреќниот случај се случил откако бебето превертувајќи се во лулашката, во еден момент околу неговата глава се замотало безбедносното јаже кое требало да го зачува да не испаден од лулашката.

Според српските медиуми, бебето имало навика да спие во лулашката во која неговите родители го лулале секоја вечер, а откако тоа за кратко заспало, мајката излегла од собата за да ги нахрани другите постари ќерки.

Кога се вратила ја видела лулашката превртена и бебето со модро лице. 

Бебето веднаш го одвеле на болница, но за жал докторите не успеале да го спасат.

 

 

Оцени ја веста

24.08.2015 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега