Ново амбулантно возило за Итна помош и домашно лекување

Во базата на Итна медицинска помош –Поликлиника Букурешт   беше организирано примопредавање на микрогрант - амбулантно возило  од  Амбасадата  на Република Словачка на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје.

Амбулантното возило е наменето за Службата за Итна медицинска помош и домашно лекување и е комплетно опремено со медицинска опрема.

Настанот се одржа во присуство на Мартин  Безак, Амбасадор  на Република Словачка , Иво Крпелан –Регионален  директор  на Фалк за Средна и Источна Европа, Директорите на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје  Др. Спец.Татјана Баевска Вучковиќ, Бесим Кока и Деканот на Медицински  факултет  Никола Јанкуловски.

Од  голема важност   е зајакнувањето на возниот парк на Службата за ИМП   со  микрогрант амбулантното возило  од страна на Амбасадата на  Република Словачка, бидејќи Службата за итна медицинска помош е од витално значење за градот и неговата околина која со својата дејност  услужува околу 700000 жители.

Покрај секојдневните итни и одложени интервенции во доменот на здравствената заштита на населението, врши медицински транспорт на пациенти во градот,во  државава и надвор од неа според медицинска индикација или на барање на пациентот.

-Службата врши медицински обезбедувања на собири и манифестации од различен карактер (спортски натпревари, културни и политички збиднувања и др.)

-Во 2012 година возниот парк на службата е зголемен со 14 нови санитетски возила целосно опремени со стандардна медицинска опрема и апаратура.

-Во 2015 година споредено со податоците од 2014 година, зголемен е бројот на самостојно решени интервенции на терен  од страна на Службата за  Итна медицинска помош.

-Бенефитит е двоен како за Службата за Итна медицинска помош,така и за корисниците на  услугите –пациентите   со  надеж за   понатамошна соработка и подршка  од страна на донаторите.

 

 

Оцени ја веста

24.08.2015 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега