Утре мало разладување - еве што велат метеоролозите

 

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови од земјата ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервал од 10 до 19, а дневната од 27 до 35 степена. УВ  индексот ќе има вредност 7.

Времето во Скопје утре ќе биде сончево и топло. Претпладне со мала облачност, а попладне со зголемена облачност. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти 17, а дневната ќе достигне до 33 тепени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на  температурата на воздухот. Температурите нема да бидат многу високи, па кон крајот на работната недела на југоистокот од земјата ќе достигнат до 37 степени.

 

 

Оцени ја веста

24.08.2015 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега