Голема болка и тага имам во моето срце - Предраг не може да се помири со тоа дека Горан си го уби семејството

Горан Мишановиќ од Србија и се заканил на својата сопруга дека цел живот ќе жали бидејќи го напуштила, но никој не можел да поверува дека епилогот ќе биде толку трагичен.

Горан прво ја убил својата тригодишна ќерка, а потоа се самоубил. Српските медиуми тврдат дека телата на мажот и на девојчето се пронајдени вчера во семејната куќа.

По обдукцијата резултатите покажале дека девојчето се здобило со две простелни рани во градите. Еден куршум ги погодил белите дробови, а другиот во срцето. 

Предраг Стефановиќ, вујкото на настраданото девојче, вели дека не може да си дојде при себе од болка и тага.

- Не знам што би ви кажал. Тага, болка, и јад. Не можам да зборувам. Се прашувам дали е возможно толку многу да му се помати паметот и да го направи овој ужасен масакр. И порано беше ладна личност, но ова е ужасно што го направи., вели низ солзи Стефановиќ.

 

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега