Пациент е претепан во болница - одбивал да прими терапија

Пациентот Драгослав Михајловиќ кој се лечи на психијатриското одделение во Општата болнца во Крушевац, Србија, во четвртокот брутално е претепан од медицинскиот техничар.

Драгослав има големи модринки на левиот образ, а како тврди неговата ќерка Драгана, нејзиниот татко, освен удар по лицето добил и тупаница во градите.

„Во четвртокот попладне, мојот татко бругално е претепан од медицинскиот техничар на болницата. Таму е на лечење од понеделникот, во тешка состојаба и речиси непокретен. На полуинтензивна нега е. Техничарот го удри со тупаница во пределот на левата страна од главата и повеќе пати по градите“, изјави Драгана пренесуваат српските медиуми.

Инку медицинскиот техничар наводно го претепал Драгослав бидејќи тој одбивал да прими терапија.

Докажувањето за вината сеуште е во тек.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега