Финансии ќе пушти 6 милиони евра свежи пари во стопанството по основ на ДХВ

Во стопанството неделава ќе се слеат 365 милони денари или 6 милиони евра свежи средства по основ на отплата на доспеани државни хартии од вредност од страна на Министерството за финансии.

По основ на досега издадени хартии од вредност Министерството за финансии ќе исплати 600 милиони денари или 9,8 милиони евра, а на денешната најавена аукција Министерството најави дека ќе презапише само 235 милиони денари или 3,8 милиони евра од тие средства. Остатокот од средствата, или 6 милиони евра кои нема да се презапишат, остануваат за пласирање од страна на банките во стопанството во вид на кредити и на тој начин подобрување на ликвидноста на стопанството.

Од Министерството за финансии објаснуваат дека во последно време издаваат подолгорочни хартии од вредност, односно 5, 10 или 15 годишни обврзници примарно на барање на пензиските друштва, кои вложуваат во државни хартии од вредност како најсигурни инструменти пазарот на капитал, односно за поголема сигурност на пензиските влогови.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега