ФОТО: Обновен коловозот на крак од улицата 22 во Маџари

Екипите на ЈП „Улици и патишта" во текот на изминативе денови го обновија коловозот на крак од улицата број 22, кај стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, општина Гази Баба.

На делницата долга 190 метри и широка 4 метри е отстранет стариот и оштетен асфалт, поставен е тампонски слој, а потоа улицата е асфалтирана.

За санација на кракот од улицата број 22 во Маџари од буџетот на Град Скопје се издвоени 1,2 милиони денари.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега