Пораст на наталитетот во општина Неготино

Општина Неготино бележи пораст на наталитетот. За една година наталитетот бележи раст од осум отсто, информираа денеска од неготинската локална самоуправа.

Во периодот од 30 август 2013 до 30 август 2014 година во општина Неготино се родиле вкупно 176 деца, додека во периодот од 30 август до 2014 до 30 август 2015 година родени се 190 деца. 

Посочуваат дека во просек во 2013 година се раѓале по 13 деца месечно, во 2014 по 15, а во првите 7 месеци од оваа година бројката е зголемена на 18 новородени деца месечно.

Со цел зголемување на наталитетот во општината, веќе две години на секое семејство кое има новороденче му се доделува финансиска поддршка во висина од 7.000 денари.

- Продолжуваме со спроведувањето на оваа мерка и во наредниот период, со очекување бројот на новороденчиња континуирано да се зголемува, велат од локалната самоуправа.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега